Европската Комисија препорача отворање на преговорите со БиХ

Европската Комисија денеска препорача отворање на пристапните преговори на ЕУ со Босна и Херцеговина. Како што се наведува во соопштението на Европската Комисија, оваа институција смета дека БиХ го постигнала потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство во ЕУ, во однос на постигнатите резултати од 2022 година, кога оваа земја доби кандидатски статус. „Затоа, Комисијата му препорачува на Советот да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина“, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави