Метео анализа на Славчо Попоски:
Судејќи според моменталните анализи, направени со помош на најпрецизните прогностички модели, оваа година по се изгледа ќе изостанат касните зимски студови, кои се карактеристични за месец март.
Времето во следните денови, односно до крајот на март ќе остане топло со пролетни температури на воздухот кои на многу места ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе достигнат и до околу 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до околу, или близу 20 степени.
Врнежите полека ќе се намалуваат, иако и понатаму повремено и локално ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Уште потопло треба да биде кон крајот на викендот и следната седмица кога температурите понекаде би надминувале и 20 степени.
Појава на утрински мразеви не се очекуваат, поради тоа што на повеќе места очекуваме температури малку над нулата.