Повремениот египетски фудбалски репрезентативец Ахмед Рефаат (30) доживеа срцев удар во понеделникот за време на натпреварот на неговиот Фјучер против Ал Итихад во египетското првенство. Рефаат и понатаму е во критична состојба, а неговиот клуб соопшти дека неговото срце застанало повеќе од еден час.
“Срцето на Ахмед Рефаат застанало повеќе од еден час и покрај сите обиди за реанимација на медицинскиот персонал во близина на стадионот, по што пулсот постепено му се подобрувал. Сепак, неговата состојба се уште е критична. Клубот постојано ја следи ситуацијата и за се ќе ве информираме навреме“, се вели во соопштението за Фјучер.
Рефаат колабираше на теренот во 89. минута од играта, а на помош веднаш му пријдоа двајца фудбалери на Ал Итихад. Медицинскиот персонал пристигнал многу брзо, а средбата била прекината.