Резултатската криза во редовите на италијанскиот фудбалски калчолигаш Лацио ја продлабочи Удинезе кој вчера славеше на „Олимпико“ во Рим, по што ситуацијата ескалираше со оставка од тренерот Маурицио Сари. Лацио нареди четири порази на натпреварите во Серија А и во ЛШ, по што тренерот Сари крена раце од тимот на кого му е потреба шок-терапија. По поразот од Удинезе, тренерот Сари се обидел да ги „разбуди“ своите играчи. Побарал одговори на некои прашања, меѓутоа не ги добил посакуваните одговори, па се одлучил да поднесе оставка. Во игра за жешкото, испразнетото столче се три имиња Мирослав Клозе, Томазо Роки и Кристијан Броки, тројца стратези кои имаат настапувано за „бјанкочелестите“ во минатото.