Едногласно, со 82 гласа „за“, пратениците од власта и опозицијата го донесоа Законот за забрана на нефер трговски практики, со кој се очекува да се стави крај на нелојалната конкуренција во трговијата и со тоа да се намалат цените на основните прехрамбени производи.
Првите ефекти од ова законско решение ќе се почувтствуваат дури наесен бидејќи производителите и трговците имаат рок од 6 месеци да ги усогласат договорите.
Со усвојувањето и примената на законот, како што посочуваат од Министерството за економија, кое е предлагач на законското решение, се очекува да се влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на зголемување на квалитетот на производите.
Според ресорното министерство, законот треба да донесе позитивни ефекти во работењето на добавувачите, купувачите и сите други оператори во различните фази на производство, преработка, маркетинг, дистрибуција и малопродажба на земјоделски и прехранбени производи и соодветна примена на забраните на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.
Со законското решение се определува и колку процентуално може да изнесува максималниот рабат кој маркетите може да го бараат од производителите и добавувачите, кои сега надминуваат над 30-40 отсто од цената.
Врз основа на законот, министерството за економија подготви долг список со над 2.600 прозиводи, кој ќе имаат ограничена маржа до 10 %, но пред да стапи на сила треба да добие зелено светло од Стопанската комора и Организацијата на потрошувачи. Од ресорното министерство преку соопштение велат со законот освен намалување на цените, ќе имаме и зголемување на квлитетот на производите.
За непочитување на законските одредби, предвидени се глоби до 20 000 евра, а дополнитлени надллежности добива и Комисијата за заштита на конкуренција.