Ќерката на кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, Марија Давкова, синоќа објави сведоштво за напад кон неа.
Таа во објава на социјалните мрежи истакна дека пред девет години од страна на сегашниот лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев била брутално нападната и истуркната од неговиот автобомил.
Марија Давкова во својата објава вели дека сето тоа се случило без никаква причина.
„Јас Марија Давкова, пред околу 9 години бев брутално нападната и истуркана од колата на Димитар Апасиев без апсолутно ниту една причина. Ете ги моите 5 минути“ наведува Давкова во објавата.
Таа не изнесе дополнителни детали за настанот, но во коментари на објавата напиша дека „Кој се плаши од вистината мал е во умот“ како дека „жени кои на очевидно чудно поведение со примеси на насилен елемент стојат рамнодушно, за мене се исто така сомнителни во рационалниот ден и проценката на добро и зло“.