Таткото на убиената Вања Ѓорчевска останува во притвор откако Врховен суд ја одби жалбата на одбраната.
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, донесе одлука по жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена против Решението за продолжување на мерката притвор, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска”.
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната јавна седница на ден 13.03.2024 година, донесе Решение ВКЖ1-11/24, со кое жалбата на обвинетиот А.Ѓ. од Скопје, изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја одби како неоснована и го потврди решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ-223/24 од 01.03.2024 година.
По драматичниот исказ на Ѓорчевски, обвинителството побара жалбата да се одбие како неоснована бидејќи постои основано сомнение дека истиот го сторил кривичното дело грабнување, а со истрагата се доаѓа до нови докази.