Зачудувачки е бројот на убиени деца во Газа, тоа е војна против децата и нивното детство и иднина, напиша денеска на социјалната мрежа Икс комесарот на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци Филипе Лазарини.
Тој наведе дека од октомври до февруари, според извештаите на Министерството за здравство на Палестина, во Газа биле убиени над 12.300 деца, што е повеќе од 12.193 деца кои биле убиени во сите војни во светот во претходните четири години.
Лазарини повика на итен прекин на огнот во Газа.