Маж починал на Клиника откако бил пронајден паднат на градилиште во Шуто Оризари

Во Полициското одделение Шуто Оризари на 13.3.2024, во 00.00 часот, чувар на објект во изградба на подрачјето на Шуто Оризари пријавил дека на градилиштето го пронашол паднат Р. А. (52) од Скопје, кој вршел контрола на материјалите. Повредениот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал. Увид на местото извршиле екипа на СВР Скопје и трудов инспектор, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави