„Мицкоски со Груевски е скаран, влегува во кавга и тој потесен круг околу Мицкоски кои се сега носители на листи, но таа кавга е сведена на нешто персонално, нема ништо идеолошко.
Мислам дека нема да се случи Мицкоски да се огради од оние политики на Груевски кои навлегоа многу длабоко во сферата на демократските вредности, во смисла на слободата на изразување, слободата на медиумите која беше очајна во тоа време, до степен на квалификација од ЕК дека станува збор за заробена држава“, изјави новинарот Борјан Јовановски на поткастот „Политиканти“.