Двајца Палестинци загинаа, а неколку други се повредени по израелскиот воздушен напад врз станбена зграда во јужниот дел на Појасот Газа. Телата на убиените и повредените се пренесени во кувајтската болница во јужниот град Рафах, пред да бидат пренесени во болницата Абу Јусеф ал-Наџар. Во друг воздушен напад погодена е куќа во кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа при што загинаа пет лица, меѓу кои две се деца и една жена. Палестинците во Газа оваа година го празнуваат Рамазан во услови на немилосрдна воена кампања што ја започна Израел како одговор на невидениот напад на Хамас на 7 октомври, кој резултираше со смрт на околу 1.200 луѓе. Од почетокот на израелската инвазија на Газа според здравствените власти досега се загинти повеќе од 31.000 Палестинци.
