Ескобар со косовската влада ќе бара итно решение за српската заедница на Косово која страда поради укинувањето на динарот

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска во Пеќ изјави дека ќе се обиде со косовската влада да најде итно решение за српската заедница на Косово, која страда поради укинувањето на употребата на динарот. За време на дводневната посета Ескобар порача дека косовските Срби мора да живеат безбедно и достоинствено, нагласувајќи дека за одговорна ќе се смета Владата на Косово. -Овде постои заедница која навистина страда. Има луѓе кои се соочуваат со реални проблеми поради немањето можност да земаат пензии. Затоа, навистина сакам да работам со владата на Косово со надеж дека ќе се обидам да најдам итно решение, изјави Ескобар за Радио Гораждевац по состанокот со претставниците на локалната српска заедница.

Треба да знаете
Последни објави