Ким Џонг-ун го возеше најмоќниот тенк во светот

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пилотирал нов тенк што го нарекол „најмоќен на светот“ за време на воена вежба, што е одговор на Пјонгјанг на 11-дневните јужнокорејско-американски воени маневри, кои завршуваат денеска, пренесува АП.

Воената вежба на севернокорејската војска во средата беше дизајнирана да ја тестира борбената способност на оклопните единици и вклучи нов тенк, кој Ким го нарече „најмоќен во светот“, објави КЦНА.

За време на вежбата, оклопните единици се движеа во разни симулирани тешки борбени услови и ангажираа цели, при што Ким го пилотира единствениот од тенковите од нов тип, се вели во соопштението на КЦНА.

Ким подоцна ги надгледуваше вежбите за артилериско гаѓање. Министерството за одбрана на Северна Кореја претходно вети дека ќе спроведе воени активности како одговор на воените вежби на Сеул и Вашингтон во Јужна Кореја.

Треба да знаете
Последни објави