Повторно проблеми:„Боинг 777“ на „Американ ерлајнс“ принудно слета во Лос Анџелес

„Боинг 777“ на компанијата „Американ ерлајнс“ принудно слета на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, поради сомневање дека има механички проблем.

Летот, кој полета од меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт, слета на пистата 25 на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во средата околу 20:45 часот по локално време, а нема повредени, пренесува CBS News.

Портпаролот на Американ Ерлајнс изјави дека пилотот пријавил можен механички проблем пред слетувањето.

Останува нејасно што е проблемот, и покрај првичните информации дека на авионот му пукнала гумата.

Инцидентот се случи само неколку дена откако авион на Јунајтед ерлајнс, исто така Боинг 777, кој полета од меѓународниот аеродром во Сан Франциско мораше принудно да слета во Лос Анџелес, откако изгуби гума.

Треба да знаете
Последни објави