Анчелоти му ја препушта фаворитската улога на Манчестер сити

Карло Анчелоти, тренерот на најтрофејниот тим во елитното европско клупско натпреаврување со освоени 14 трофеи, Реал Мадрид смета дека актуелниот првак во Лигата на шампионите, англискиот Манчестер сити ја има фаворитската улога во четвртфиналната пресметка против шпанскиот гигант. Англискиот премиерлигаш минатата година го елиминира „кралскиот клуб“ на патот кон освојувањето на трофејот во елитното клупско натпреварување. -Сите го гледаат Манчестер сити како фаворит, затоа што го освоија ова натпреварување минатата сезона. Но и ние имаме самодоверба да направиме добар резултат. Тоа што се игра реваншот во Англија не ни пречи. Четвртфиналето во ЛШ низ историјата се покажа како комплицирана рунда за многу тимови, порача Анчелоти.

Треба да знаете
Последни објави