Бојмацалиев оддаде почит на Тоше Проески

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска го посети вечното почивалиште на Тоше Проески во Крушево.

Тоше Проески, со своите безвременски концерти и благородното срце, има исклучително значење за Македонија и македонската култура, но и колективна свест, бидејќи со музиката на Тоше сите заедно славевме, тагувавме, се заљубувавме, а со неговите хуманитарни дела имавме надеж и поттик за едно подобро утре.

Ако легендите живеат вечно, тогаш нашиот Тоше никогаш нема да не напушти – низ песните и хуманоста тој живее во нашите срца.

Слава му” напиша Бојмацалиев на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави