(Видео) Мнозинството советници од ВМРО-ДПМНЕ го одбија барањето за суспендирање на спорниот ДУП во Ѓорче Петров, граѓаните утре повторно на протест

На вчерашната седница, советниците од советничката група од СДСМ и коалицијата поднесоа барање за носење одлука за суспендирање на Деталниот урбанистички план СЗ 16.

Откако мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ ја одбија предлог одлуката, советниците од СДСМ и коалицијата, но и од Левица, ја напуштија седницата.

„Градоначалникот со советниците од ДПМНЕ ја одбија нашата предлог одлука и повторно застанаа против граѓаните. Бидејќи градоначалникот нема слух за граѓаните и нивните проблеми, ние демонстративно ја напуштивме седницатa“ изјавија од советничката група.

Инаку за спорниот ДУП во централното подрачје на општината, се најавува нов протест.

Граѓани на социјалните мрежи повикуваат на протестен марш што ќе се одржи утре, сабота од 13 часот.

Локацијата на поаѓање е од пред платото на црквата „Св. Петар и Павле“.

Треба да знаете
Последни објави