Македонија не го положи првиот тест во Барила со Романија

Македонската машка ракометна репрезентација е поразена во Браила на првиот од двата подготвителни натпревари со Романија (27:32). Тестовите со Романија за избраниците на селекторот Кирил Лазаров се дел од подготовките за мундијалскиот бараж двомечот со Фарски Острови, кој ќе се одигра во мај. Првото полувреме на тестот во Браила и припадна на Македонија со 16:15. Македонија утре ќе одигра и втор пријателски меч против Романија, кој ќе биде отворен за јавноста и ќе се игра пред публика.

Треба да знаете
Последни објави