Одбележување на денот на основањето на Црвениот крст на Северна Македонија

Во Скопје денеска ќе се одржи настан организиран од Црвен крст на Република Северна Македонија, со кој ќе се одбележат 79 години од основањето на Организацијата и 29 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Како што е најавено, на настанот меѓу другото, ќе присуствува и ќе се обрати министерот за здравство Илир Демири, како и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан. 

Исто така, предвидено е потпишување на Меморандум за соработка меѓу Црвен крст и УНДП, но и доделувања на признанија на Општинските организации кои го исполнија планот за крводарување во 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави