Пожар во стан во Болоња животот го загубија жена и нејзините три деца

Една жена и нејзините три мали деца утрово ги загубија животите во пожар во нивниот стан во Болоња, јавува АНСА.

Жената, романска државјанка, починала на пат кон болница, а две девојчиња и едно момче починале во станот на четвртиот кат од зградата како последица на вдишување чад во спалната соба што сите ја делеле, соопшти полицијата.

Постарото девојче имало шест, а помалото две, како и нејзиниот брат близнак. Таткото бил на работа кога се случила трагедијата.

Пожарот, најверојатно, е предизвикан од дефект на електричните инсталации, а истрагата е во тек, соопшти АНСА.

Треба да знаете
Последни објави