Алкохолните пијалоци ретко носат добри вести за нашето целокупно здравје. Сепак, ТВ докторот и самопрогласениот здравствен гуру, Др. Мајкл Мозли, тврди дека се уште постои алкохолен пијалок кој би можел да го подобри нашето здравје.
Во неговиот подкаст „Само една работа“, Др. Мозли рече: „За да го одбележиме крајот на напорната недела, мојата сопруга и јас ќе направиме нешто што треба да ги заштити нашите срца и да им даде поттик на нашите цревни бактерии. Веројатно можете да го слушнете звукот на отворањето на шише со вино“. Открил дека се работи за црвено вино. Тврди дека е докажано дека го намалува високиот крвен притисок и високиот холестерол.
Овие две вообичаени состојби можат да ја постават основата за кардиоваскуларни проблеми, од срцев до мозочен удар. За среќа, уживањето во црвено вино, се разбира во умерени количини, може да помогне.
“Црвеното вино е мојот омилен алкохолен пијалок, не само затоа што ми се допаѓа вкусот, туку и затоа што се покажа дека има некои здравствени придобивки. За жал, самиот алкохол е прилично лош за вас. Значи, ако воопшто не го пиете, нема да предлагам да започнете сега, но ако веќе пиете, обидете се повремено да го замените пивото, коктелите или жестоките пијалоци со црвено вино“, советува др. Мозли.
Црвеното вино содржи особено големи количества полифеноли, соединенија произведени од растенија кои имаат корисни ефекти, вклучително и намалување на крвниот притисок, намалување на ризикот од срцеви заболувања, намалување на холестеролот и благотворно влијание врз нашиот цревен микробиом, објасни др. Мозли.
Тој вели дека една мала чаша два или три дена во неделата може да ни донесе здравствени придобивки. Затоа, иако црвеното вино може да биде добро за нашето здравје, клучно е да го пиеме умерено.