Торнадото погоди најмалку седум американски држави на средниот запад и јужниот дел на САД во четвртокот вечерта, јави телевизијата ABC. Торнада ги погодија Охајо, Индијана, Кентаки, Илиноис, Арканзас, Мисури и Тексас, а загинати сетри лица.
Торнадото предизвика најголема штета во градот Винчестер, Индијана, каде се повредени 38 лица, од кои 12 се пренесени во болници, изјави во петокот градоначалникот Боб Мекој на прес-конференција.
Меккој рече дека 22 домови се целосно уништени, а 110 куќи се сериозно оштетени во торнадото во Винчестер.