Украина со дронови нападна две руски рафинерии во Самара

Украина ноќеска со беспилотни летала напднала две нафтени рафинерии државниот нафтен гигант Роснефт во руската област Самара. Гувернерот на Самара соопшти дека нема жртви, но запален е еден објект.

Запалена е фабриката за преработка на нафта во Сизран, а спречен бил нападот на рафинеријата во Новокубишев, објави на Телеграм гувернерот Дмитриј Азаров. Тој информира дека работниците во двете рафинерии се евакуирани и оти нема жртви.

Снимките објавени на интернет, чија автентичност не може да се потврди, прикажуваат голем пожар во рафинеријата Сизран. 

Во последните недели, Украина поинтензивно ја гаѓа руската нафтена инфраструктура, напаѓајќи ги рафинериите низ европскиот дел на Русија. Гувернерот на пограничниот регион Белгород, кој е цел на речиси постојани украински напади во последните месеци, соопшти дека пет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени кога беспилотно летало удрило во возило кое се движело во близина на украинската граница.

Руските сили за воздушна одбрана уништиле два украински дрпна над регионот Белгород, соопшти руското Министерство за одбрана, цитирано од ТАСС.

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина дека со засилените напади на руска територија се обидува да ги саботира актуелните претседателски избори во Русија.

Треба да знаете
Последни објави