Вељановски: Владата предводена од СДСМ продолжува со инвестирање во здравството 

Преку Министерството за здравство успешно ја реализираше набавката на медицински опрема за потребите на корисниците во Поликлиниката „ЖЕЛЕЗАРА”
Дигиталниот Мамограф и  ЕХО апарат со две сонди  веќе три месеци се во функција и интензивно се употребуваат.  
Ехо апаратот за дијагностика се наоѓа во Кабинетот по Интерна медицина.
Дигитален мамограф во поликлиниката немаше од 2019 година, а е од особена важност затоа што раната навремена дијагноза на малигните болести на дојка е исклучително комплексна, а апаратот нуди повеќе предности во однос на аналогната техника и е основна алатка во дијагностиката на ракот на дојка.
Вредноста на набавката изнесува 12.000.000,00 денари, се обезбедени од Владата на РСМ и Министерство за здравство.
Во 2023 година ЈЗУ Поликлиника Железара од сопствени средства набави  медицинска опрема во вредност околу 2.800.000, денари и тоа:  
-Назоларингоскоп,  
-Ултразвучен коскен Дензитометар, –
-ЕКГ апарат 12 канали, –
-Бинокуларен Биомикроскоп (Слит Лампа ), –
-Сонда нова оргинал за ЕХО-Миндрај, –
-Дијагностички аудиометар.
Во поликлиниката дневно циркулираат меѓу 350 и 400 пациенти и затоа продолжуваме да работиме на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните преку набавка на нова медицинска опрема за квалитетна дијагностика.
Само со посветеност и големи заложби успеваме да го зачуваме здравјето, да ја следиме состојбата на граѓаните и да превенираме.

Треба да знаете
Последни објави