На човекот му е неопхден сон. Добриот сон е гаранција дека новиот ден ќе го започнеме со јасни мисли. И покрај тоа што ова е познато за спиењето, одговорот на прашањето зошто сонот е толку важен сè уште е мистерија.
Темни, подуени кругови под очите, интензивно чувство на исцрпеност заедно со лошо расположение – речиси сите сме го доживеале тоа кога ќе се разбудиме ненаспани.
Кога сме лишени од сон, нашиот мозок се чини дека ја губи способноста да прави разлика помеѓу важно и неважно, што нè претвора во исцрпени „урнатини“ кои бурно реагираат на се и сешто.
Талма Хендлер од Универзитетот во Тел Авив е особено заинтересирана за причината за овој ефект на недостаток на сон, односно зошто нашиот „емотивен фитил е краток“ кога сме лишени од сон.
„Знаеме дека спиењето влијае на нашето емоционално однесување, но не и тоа како“, рече Хендлер.
Тимот научници во извршените екперимени со доброволци откри необична активност во фронталниот дел од мозокот наречен Преден Цингулам кортекс, за кој се смета дека ја контролира амигдалата и нашите емоции. Кога добро се одмараме во текот на ноќта, двата региони се активираат заедно. Но, без сон, се чини дека нема синхронизација меѓу двата, така што ACC се активира кога амигдалата е во мирување. Како резултат на тоа, се чини дека овој дел од мозокот не ги контролира нашите емоционални реакции кога не спиеме доволно. Во овој случај, ја губиме способноста да ги разликуваме обичните настани од оние што треба да го заслужуваат нашето посебно внимание. Неутралноста и способноста на мозокот да прави разлика помеѓу важно и несуштинско се изгубени.