„Стрежево-1“ нова фотоволтаичната централа на ЈП „Стрежево“-Битола 

ЈП „Стрежево“ – Битола со сопствени средства во висина од 30 милиони денари инсталира и стави во функција фотоволтаична централа со моќност од 500 киловати.

Увид на новата инвестиција извршија министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и генералниот директор на ЈП „Стрежево“, Методија Граматковски.

-Со оваа инвестиција започнуваме и процес на искористување на сончевата енергија како обновлив извор за добивање на електрична енергија покрај досегашното искористување  на водата од петте мали хидроцентрали. Овој проект има позитивен инпут врз работењето на претпријатието, а економскиот ефект на инвестицијата е крајно оправдан со видлив резултат и предвидливи критериуми кои укажуваат на фактот – очекуваните ефекти ќе ги надминат вложените средства во инвестицискиот проект, истакна Граматковски.

За време на увидот, министерката Костадиновска Стојчевска која посочи на успехот на менаџментот кој освен користењето на водата како енергија, во иднина ќе ја користи и сончевата енергија за производство на електрична енергија.

-И покрај кризите во изминатите години кои силно се одразија врз економијата, претпријатието со сопствени средства ја разви оваа капитална инвестиција. ЈП „Стрежево“-Битола е првото јавно претпријатие формирано од владата кое изградило фотоволтаична централа, нагласи Костадиновска Стојчевска.

Фотоволтаичната централа „Стрежево 1“ е инсталирана во непосредна близина на браната на вештачката акумулација Стрежево. 

Треба да знаете
Последни објави