Денеска се одржа нов протестен марш под мотото „НЕ за бетонизација на Ѓорче“.
Стотици граѓани преку протест побараа запирање на реализацијата на Деталниот урбанистички план за градската четврт СЗ 16 (веднаш спроти пазарот и дијагонално од неслбата Порта Влае) кој предвидува изградба на триесеттина висококатници, од нив дел повисоки и од 20 ката.
„Со новиот ДУП ќе се угушиме“ „Стојкоски = урбана мафија“ „Кој глуп донесе ваков ДУП?“ „Докторе, сакаме да дишеме“ беа дел од пораките кои граѓаните ги упатија кон локалната власт и градоначалникот.
Со изградбата на оваа населба, оваа општина ќе добие 12.000 нови жители, а граѓаните се жалат затоа што според нив тоа ќе придонесе за намалување на квалитетот за живот, особено што тој дел од населбата веќе има проблем со паркинг места и со нормален притисок на вода.
Советничката група од СДСМ и коалицијата двапати на седница на Советот бараше суспендирање на делот од ДУПот, но нивните предлози двапати беа одбивани од мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ.