Прилепчанка синоќа сакала да запали кафана, полицијата ја приведе

Синоќа во 22.10 часот во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ја привеле К.И.(32) од Прилеп поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по чл. 288 од КЗ, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

„Имено, на 16.03.2024 околу 22 часот во ОВР Прилеп Т.К.(61) од Прилеп пријавил дека околу 21.30 часот во неговиот угостителски објект во Прилеп влегла К.И. и со шише наполнето со запалива течност прскала по подот и се заканувала дека ќе го запали објектот.

 К.И. е приведена во полициска станица Прилеп и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“ соопштува МВР.

Треба да знаете
Последни објави