Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
„Ние многу внимаваме во ветувањата. Значи ние направивме проекти на Буџетот до 2028 година многу внимателно. И притоа сме многу внимателни во подготвување на Програмата и уште повнимателни сме заради тоа што не знаеме дури ни што не чека бидејќи имаме информации дека состојбата е уште пострашна од тоа што ние знаеме вака од транспарентен дел. Има дел за кој што воопшто немаме информации јавни”, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „360 степени” на МРТ.
„Фискалниот совет даде свое мислење за фискалната стратегија каде што кажува дека доколку ги додадеме обврските кои што не се евидентирани во Буџетот бидејќи Буџетот евидентира само плаќања, вие не знаете колкави се обврските”, рече таа.
Димитриеска Кочоска додаде дека не се знае колкав бил долгот во секоја од институциите. Има и фактури кои што не се платени, тоа треба да се извади, да се види.
„Мора да најдеме начин како ние транспарентно ќе ги вадиме тие податоци”, укажа Димитриеска Кочоска.
„Институциите квартално не известуваат односно некои известуваат, некои не. Врз основа на тоа вие не можете да кажете од сега колкав е долгот на тие институции, бидејќи јасно се гледа таму дека сликата не е реална”, нагласи таа.
Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ цело време укажуваше дека има многу корупција и криминал.
„Во нашата програма има нула корупција, значи тука сме посебно фокусирани и ќе бидеме фокусирани и во иднина. И корупцијата повеќе нема да се толерира”, истакна Димитриеска Кочоска.
„Фокус ни е сивата економија”, нагласи таа и рече дека според странските извештаи во Македонија има околу 30-40% сива економија, а тоа е огромна бројка.
Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на раст на економијата.