Интегрален текст од соопштение на СДСМ:
На вечерашното отворање на промотивниот штаб на СДСМ во Куманово, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, порача дека со СДСМ сигурна е иднината во ЕУ, поголеми плати и пензии за европски животен стандард.
Ковачевски потенцираше дека во изминатите седум години СДСМ направи многу за подобар и подостоинствен живот во нашата Македонија, се зголемија просечната и минималната плата, а паралелно растеа и пензиите.
„Минималната плата денес е над 370 евра, просечната плата е над 650 евра. Иако ветивме 500 евра. Пензиите се за 6.400 денари повисоки од тоа што беа во 2016 година. Невработеноста ја преполовивме и ќе продолжиме да отвораме нови работни места, да ги стимулираме на домашните и странските инвестиции, бидејќи тоа е единствениот начин да имаме посилна, поконкурентна економија”, рече Ковачевски.
Во своето обраќање, Ковачевски порача дека СДСМ може и мора да направи повеќе и подобро за сите, и тоа ќе се исполни преку новата програма која обезбедува подобар животен стандард и економски раст.
„Имаме план и визија за иднината, и тие се реални и остварливи. Нашата изборна програма содржи реални и остварливи мерки. Програмата ќе биде пример за тоа како треба да се работи за да се обезбедат повисоки плати и пензии, посилна економија, уште повеќе работни места, уште повеќе средства за образование и здравство и за конкурентно земјоделство. Програма е издржана и ќе донесе економски раст и развој. Како што предвреме го исполнивме ветувањето 500 евра просечна плата, така и во наредниот мандат ќе обезбедиме просечна плата од над 1000 евра и минимална плата од 600 евра. Тоа Македонците, македонските граѓани го заслужуваат, ние еднаш ветивме и исполнивме,сега ветуваме и ова ќе го исполниме”, рече Ковачевски.
Говорејќи за новата програма на СДСМ, Ковачевски посочи дека поддршката за компаниите ќе биде најмалку 50% повисока од сегашните рекордни 100 милиони евра и до 2028 година ќе се зголеми на 150 милиони евраа, земјоделците ќе може да сметаат на нови, зголемени 750 милиони евра субвенции. СДСМ ги исполнува ветувањата и даваме сѐ од себе да ги исполниме и очекувањата на граѓаните, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.