„Во најбрзо време ќе објавиме носители и коносители. Ќе го следиме концептот на машка и женска застапеност исто како пред 4 години на врвот на листата. Меѓутоа, се уште траат некои процеси, консултации, анкети и тн“ изјави министерката за култура и потпретседателка на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисија на Тера телевизија.
Таа додаде дека тоа мора да бидат лица коишто докажале дека сработиле за градот но и за пошироко ниво, да покажат капацитет, што впрочем се покажа од сите номинирани што беа од изборна единица 5.
„Сепак тоа треба да се лица кои имаат доста сработено зад нив и сега треба да поминат низ филтерот, од типот, граѓански анкети, анкети меѓу членството“ рече Костадиновска-Стојчевска.