Малолетници тешко повредени откако со возило излетале од патот

Двајца малолетници денеска се тешко повредени откако излетале со возилото околу 14 часот на локалниот пат Стримница-Челопек.

„Во СВР Тетово е пријавено дека патничко моторно возило смарт со тетовски регистарски ознаки управувано од малолетник од Челопек излетало од коловозот. Во несреќата, возачот и сопатникот во возилото, исто така, малолетник од Стримница се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Треба да знаете
Последни објави