Урнат хангар во Ѓорче Петров граден на државно земјиште без дозвола

Хангарот кој се градеше близу скопската обиколница во насока кон Тетово, на државно земјиште – утрово беше целосно урнат од Општина Ѓорче Петров. Ова доаѓа по неколку предупредувања и барања да се отстрани објектот кој е нелегално поставен, кои инвеститорот ги игнорирал. Општината избра фирма на тендер и денеска го спроведе уривањето на хангарот кој е граден на две парцели државно земјиште, на површина од околу 10 илјади метри квадратни. За време на активностите на местото на настанот имаше големо присуство на униформирани полицајци, кои беа распоредени околу нелегално подигнатиот хангар.

Треба да знаете
Последни објави