Фенербахче размислува да го напушти турското првенство по инцидентот во Трабзон

Раководството на турскиот фудбалски суперлигаш Фенербахче најавија дека размислува за повлекување на клубот од натпреаврувањето по физичкиот напад на неговите играчи од хулиганите по мечот со Трабзон. Фенербахче победи во дербито во Трабзон (2:3), по што домашните навивачи се симнаа од трибините на теренот и физички се пресметуваа со гостинските играчи. Во бркотницата и физичките напади по теренот повреди заработија неколку фудбалери, а најлошо помина голманот Ливаковиќ кој еден од хулиганите го удри во глава од зад грб. По овие насилнички сцени Фенербахче свикаа клупско собрание за 2 април каде ќе се расправа за настаните во Трабзон, а еден од предлозите е турскиот гигант да го напушти домашното натпреварување ! Фенербахче по 30 кола е втор на табелата со 79 бодови, два помалку од водечкиот Галатасарај и дури 30 повеќе од третиот Трабзонспор. Поради инцидентите на крајот од натпреварот во Трабзон во понеделникот, беа уапсени 12 лица, а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ги осуди насилните случувања на фудбалскиот терен.

Треба да знаете
Последни објави