Дубаи влегува во АБА лигата: Арапите купија место во лигата за 2,5 милиони евра годишно

Клубовите од АБА лигата конечно ја донесоа долгоочекуваната одлука. Дубаи од следната сезона ќе игра и во регионалното натпреварување!

Како што неофицијално дознава српскиот портал Меридијан спорт, на Собранието кое почнало околу пладне, девет клуба гласале „за“ , додека само Партизан бил против воведување на екипа од ОАЕ во моментов.

Будуќност не испрати свој претставник на средбата.

Да потсетиме, пред една недела на состанокот во Загреб не беше донесена конечна одлука, па на сопствениците на АБА лигата од Емирати им пратија порака дека имаат седум дена да донесат одлука или Дубаи ќе си замине.

Сега останува да се види што ќе направи Евролигата. Се очекува овој нов, амбициозен проект да ја одигра првата сезона во Еврокупот, а потоа да се приклучи на најсилната европска лига.

Според договорот Дубаи треба да игра во АБА лигата најмалку три години, а за возврат лигата ќе добие 4,5 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави