Утрово се стресе тлото во Турција

Утринава силен земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, јавува EMSC. Според информациите, земјотресот е регистриран во 08:55 часот по локално време на длабочина од 8 километри. Епицентарот е регистриран на 30 километри од Бесни, односно на 55 километри од градот Кахраманмарас во југоисточниот дел на земјата. Засега нема извештаи за повредени или за материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави