Русија рано утринава изврши ракетен напад врз украинската престолнина Киев, во кој беа повредени 14 лица, а беа оштетени станбени згради и индустриски објекти, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Тоа беше првиот голем ракетен напад врз Киев во последните недели. На апликацијата Телеграм, Кличко напиша дека е причинета штета на згради, дека во областа Подолск остатоци од ракета паднале врз неколку фирми, а во населбата Шевченко гори стан во станбена зграда. Воената управа на Киев соопшти дека во областа Свјатошински се искршени стакла на зграда, а како последица на нападот избувнал пожар во градинка во областа Шевченко. Според првичните информации, се запалиле и автомобили. Руските сили лансирале ракети од стратешките бомбардери Ту-95 за време на нападот, а во Киев и околните области се слушале силни експлозии. Руски проектил погоди индустриска област во северниот украински град Харков доцна синоќа, при што загинаа најмалку пет лица, а беа повредени осум, додека предизвика голем пожар во печатница, соопштија локалните власти. Градоначалникот Игор Терехов изјави дека уште пет лица се водат како исчезнати по нападот.
Consequences of a missile attack on Kyiv. 10 people were injured, another 79 were evacuated
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) March 21, 2024
📍 In the Podilsky district, a two-story building has been occupied, there is destruction.
📍 There was a fire in an apartment in the Shevchenkiv district, 15 people were evacuated from… pic.twitter.com/WCQSWOZ7pJ