Првиот човек доби бубрег од генетски одгледана свиња

62-годишен маж со краен стадиум на бубрежна болест стана првиот човек кој добил нов бубрег од генетски модифицирана свиња, објавија денеска лекарите од Општата болница во Масачусетс во Бостон.

Четиричасовната операција на трансплантација, извршена на 16 март, „означува голема пресвртница во потрагата за обезбедување полесно достапни органи за пациентите“, се вели во соопштението на болницата, пренесе Ројтерс.

Бубрегот беше обезбеден од eGenesis од Кембриџ, Масачусетс.

Треба да знаете
Последни објави