Спотифај минатата година им платил на уметниците девет милијарди долари хонорар за стриминг, соопшти денеска овој провајдер на аудио стриминг и медиумски услуги.
Во четвртиот годишен извештај на Спотифај забележани се рекордни резултати на полето на овие мултимедијални содржини, во што спаѓа и најголемата годишна исплата воопшто во музичката индустрија.
– Изложивме сè што знаеме за тоа колку се плаќа и колку уметници постигнуваат различни нивоа на успех, рече потпретседателот на Спотифај задолжен за музичка продукција, Чарли Хелман.