(Фото) Тешка сообраќајка во Скопје, има повреден моторџија

Моментално се случи тешка сообраќајна несреќа на крстосницата на Булеварот Гоце Делчев кај плоштадот Скендер бег каде што настрада моторџија.

Според очевидци во сообраќајната несреќа има повреден моторџија, но не е познато колку се тешки повредите и истиот е пренесен со возила на итна медицинска помош во Гоб Св.Наум Охридски за укажување на лекарска помош.

Нема детали за несреќата , а се очекува МВР да излезе со повеќе информации.

Треба да знаете
Последни објави