Машко лице на 29 годишна возраст од Прилеп е жртва во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи кај Плетвар, во близина на селото Ореовец на патниот правец Прилеп – Градско, поради што и сообраќајот беше во прекин.
Во несреќата учествувале автомобил со регистарски ознаки од Прилеп и товарно возило цистерна. Момчето починало од здобиените повреди.
Надлежните се уште работат на целосно утврдување на причините за несреќата
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/03/policisko-vozilo-3-630x420-1.jpg)