Лекар избоден до смрт пред поликиниката во Железара

Безживотно тело на машко лице е пронајдено пред поликлиника во Железара. Телото пред полноќ со девет убодни рани од нож е пронајдено во автомобил. Станува збор за матичен доктор со иницијали А.Т (67 г.) на кој се уште непознат сторител му нанел убоди со нож од кои починал. Телото било пронајдено од неговите синови, кои почнал да го бара откако таткото не се вратил дома од работа, по што ја повикале полицијата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави