Поранешниот бразилски фудбалер Робињо е уапсен во Сантос по наредба на Судот во Бразил и е однесен во затвор каде ќе треба да одлежи деветгодишна казна за силување. Робињо беше осуден во отсуство во Италија од каде замина во својата татковина каде сметаше дека е безбеден, бидејќи Бразил не ги екстрадира своите граѓани. Италијанското правосудство побара поранешниот фудбалер на гигантите Реал Мадрид и Милан да ја отслужи казната во Бразил, па беше уапсен за делото силување што се случи на крајот на јануари 2013 година. Тогаш Робињо, неговиот пријател Рикардо Фалко, како и уште четворица мажи силувале млада девојка во тоалетот на ноќен клуб во Милано.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/03/222573-nema-kade-da-bega-robinjo-uapsen-i-odnesen-na-otsluzhuvanje-na-zatvorskata-kazna-video.jpeg)