ДАЛИ МЕСЕЦ МАРТ ОВАА ГОДИНА ЌЕ ГО ИСПРАТИМЕ СО РАНО ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ?! Следниот викенд температури и над 25 степени

Метео анализа на Славчо Попоски:

По променливото време кое не очекува од утре, проследено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, но накратко и снег на планините во понеделник, сепак по се изгледа месец март оваа година ќе го испратиме со рано летни температури на воздухот.

Балканот и Македонија, следниот викенд би можеле да бидат зафатени од значително потопла воздушна маса од северните предели на Африка која би условила температури дури и над 25 степени.

Но најпрвин да измине најавеното променливо и врнеживо време во регионот, како и кај нас кое го најавивме за од утре, па потоа да се подготвиме за рано летни температури на воздухот, секако следниот викенд.

Треба да знаете
Последни објави