Во ДИК утре ждрепка за утврдување на редоследот на претседателски кандидати

Државната изборна комисија утре ќе спроведе ждрепка за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за Претседател на Република Северна Македонија.

Исто така ќе се одржи и ждрепката за распределба на рекламни паноа и билборди за Изборите за Претседател на Република Северна Македонија.

Во трката за претседател учествуваат седум кандидати: Стево Пендаровски кој доби граѓанска поддршка и поддршка од партијата СДСМ, Гордана Силјановска – Давкова со поддршка од ВМРО ДПМНЕ, лидерот на партијата „ГРОМ“, Стевчо Јакимовски, професорката Билјана Ванковска зад која застана партијата „Левица“, Бујар Османи од ДУИ, Максим Димитриевски лидерот на „ЗНАМ“ и Арбен Таравари кандидат на коалицијата „Вреди“.

Треба да знаете
Последни објави