САД: Во престрелката во Индијанаполис едно лице загина, петмина се ранети

Во престрелката што се случи рано утринава во Индијанаполис, едно лице е убиено, а петмина се ранети, меѓу кои и еден полицаец, соопшти локалната полиција.

„Двајца полицајци во Индијанаполис во униформа не беа на должност во локален бар кога, околу 1:30 часот настана неред на блискиот паркинг“, изјави началникот на полицијата во Индијанаполис, Кристофер Бејли на прес-конференција.

Според овој полициски функционер, двајцата полицајци размениле оган со најмалку еден осомничен, а еден службеник бил застрелан во горниот дел на ногата од стрелецот и при падот се здобил со дополнителна повреда на рамото.

„Повредениот полицаец е во стабилна состојба и се очекува наскоро да биде пуштен од болница“, рече Бејли.

Набргу по пукањето, еден маж бил пренесен во локалната болница со прострелни рани, а подоцна починал и покрај напорите на лекарите.

На паркингот биле пронајдени уште четири лица со прострелни рани кои не се опасни по живот и сите биле пренесени во блиските болници.

Двајца 45-годишни мажи, 42-годишен маж и 33-годишна жена се повредени, изјави Бејли.

Треба да знаете
Последни објави