Снег во Хрватска, Словенија и БиХ

Во поголем дел од Хрватска пристигна најавената промена на времето. Иако вчера беше претежно сончево, во вечерните часови од северозапад пристигна засилена облачност со врнежи од дожд, на места и грмежи.

Во текот на ноќта во Загреб почна да врне снег, што доведе до формирање на тенок слој снежна покривка на теренот и возилата. На планината Сљеме снежната покривка достигна 25 сантиметри, а најавена е лапавица и во пониските предели. 

Исклучително студен фронт минува и низ Словенија, па врнежите веќе зафатија поголем дел од земјата. Снежната линија ќе се спушти доста ниско, дури и до 600 метри надморска височина, а на некои места на север веќе врне снег.

Во Босна и Херцеговина денеска е облачно, а забележан е и пад на температурите.

Во поголемиот дел од државата врне дожд, но во некои делови, како што е Сараево и Бања Лука, забележан е и снег.

Треба да знаете
Последни објави