„Во саботата си имаше след на работите, работната група работеше на кандидатурите коишто беа над илјада, а понатаму имаше седница на извршен одбор, па на централен одбор па на конгрес како што си е утврдено со статутот и правилникот. По медиумите излегоа некои информации, меѓутоа истите тие медиуми на лице место можеа да дојдат и да проверат и тоа што излезе како информација дека некој напуштил нешто, дека апсолутно не беше точно.. изјави пратеничката од редовите на СДСМ Санела Шкријељ во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.
Таа додаде дека се изгласале делегатите, листата е скоро финализирана, останале места во делот на конкретни имиња каде има коалициски договор.
„Денес беа доделени бројките на ливчињата на претседателските кандидати и многу убаво се погодени. Верувам дека нашиот кандидат кој јас лично го поддржувам, ќе влезе во вториот круг и повторно ќе биде избран за претседател. Силната страна на актуелниот претседател Стево Пендаровски е тоа што е кандидат којшто обединува и тука ќе ја бараме и силата. Секако е очекувано дека во вториот круг ќе се прават договори. Како личност, Пендаровски може да допре до неопределено членство“, потенцираше Шкријељ.