Рускиот амбасадор Сергеј Андреев не отишол во Министерството за надворешни работи во Варшава бидејќи полските власти не доставиле докази за нарушување на воздушниот простор, пренесоа руските медиуми.
Дипломатот бил повикан од Министерството, во врска со инцидентот што се случил вчераутро, кога полското Министерство за одбрана пријавило нарушување на воздушниот простор на земјата на граноцата со Украина.
Андреев додаде дека се уште чека докази по обвинувањата од полска страна за сличен инцидент на 29 декември минатата година.
-Рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев, не дојде во Министерството за надворешни работи во Варшава, иако беше повикан таму, изјави претходно денеска портпаролот на одделот Павел Вронски, цитиран од британските и руските медиуми.
Според него, станувало збор за руска крстосувачка ракета.
Според полската воена команда, ракетата лансирана од руската авијација навлегла во полскиот воздушен простор два километри во областа на градот Осердов во Лублинското војводство на границата со Украина и го напуштила по 39 секунди.