Газа: 12 лица се удавија обидувајќи се да допливаат до хуманитарна помош

Хамас повика да се престане со испорака на помош во Газа од воздух откако 12 лица се удавија, а уште шестмина загинаа во стампедо обидувајќи се да стигнат до пакетите фрлени долж брегот.

Смртта се случи во понеделникот на прегладнетиот север на опколената територија, при што луѓето брзаа да ги соберат пакетите исфрлени од авионите долж медитеранскиот брег на Газа.

Според турската новинска агенција Анадолу, испораката од воздух „не функционира“ бидејќи многу од тоа помош завршува во морето, а не на плажата.

-„Повикуваме на итен прекин на операцијата за фрлање од воздух и бараме итно и брзо отворање на копнените премини за да се овозможи хуманитарната помош да стигне до нашиот палестински народ. Авионските фрлања на помош претставуваат вистинска закана за животите на гладните Палестинци. Сето ова ги доведе животите на луѓето во вистинска опасност “, соопштија од Хамас.

Ова е последна во низата смртоносни инциденти за време на испораката на хуманитарна помош во преполната палестинска енклава каде доминира глад, а луѓето преживуваат од плевел и леб направен од добиточна храна, наведува британската агенција.

Треба да знаете
Последни објави